Теодосиќ подава и со глава

Теодосиќ подава и со глава

пред 3 години

Виртус Болоња се единствени без пораз оваа сезона во Еврокупот. Екипата на тренерот Александар Ѓорѓевиќ, 13. победа во ова натпреварување ја забележа синоќа против Будуќност (85:65).

Виртус играат по нотите на Милош Теодосиќ, натпреварот со Будуќност тој го заврши со осум поени, шест скока и 10 асистенции.

Во финишот на мечот тој изведе вистинска магија, нападот на Виртус го започна, така што со глава му подаде на својот соиграч, а потоа откако направи движење од полу дистанца успеа да поентира.

 

Share
Scroll to Top