Тонали: Заминувањето од Милан беше најтешкиот момент во мојата кариера

Тонали: Заминувањето од Милан беше најтешкиот момент во мојата кариера

пред 1 година

Новиот фудбалер на Њукасл, Сандро Тонали се врати во Италија по презентацијата како нов играч на премиерлигашот, и веднаш одговараше на прашањата за неговото контроверзно заминување од Милан.

23-годишниот Тонали го опиша заминувањето од „Сан Сиро“ како најтешка одлука во неговата кариера и посочи дека саа да се врати во Милано за да ги види насмеани навивачит на „росонерите“. Њукасл платија 70 милиони евра за Италијанецот.

„Ова беше најтешката одлука во мојата кариера, но таа мораше да биде направена. Милан ме пречека како син и ќе им бидам благодарен цел живот и никогаш нема да го заборавам тоа. Ги сакам сите мои согирачи и секогаш ќе отанам фан. Тоа беше избор кој морав да го направам“, вели Тонали.

Тој зборуваше и за Паоло Малдини, кој доби отказ од позицијата технички директор пред неговото заминување.

„Малдини беше многу важна личност за мене. Тој ми помогна многу, посебно првата сезона кога ми беше ментор. Оваа година, патиштата ни се разделија, но тој останува важен за Милан. И нему ќе му бидам благодарен засекогаш“, додава Италијанецот.

Share
Scroll to Top