Тотенхем ќе размислат за тужба против УЕФА, откако европската федерација ги исфрли од европските натпреварувања оваа сезона.
УЕФА одлучи дека Тотенхем ќе го загубат службено 0:3 мечот со Рен, кој беше одложен овој месец поради пандемијата на КОВИД-19 во клубот од Лондон, што значи дека тие испаѓаат од натпреварувањето, бидејќи Витесе и Рен имаат повеќе поени од нив. Претходно и Рен луто реагираа на однесувањето на Тотенхем бидејќи веќе беа пристигнати во Лондон кога мечот се откажа.
Според правилата на УЕФА, мечот мора да се одигра до 31 декември, а Тотенхем понудиле да играат денеска, само 24 часа по мечот со Ливерпул, но ова било одбиено од страна на УЕФА. Бидејќи не постои процедура со која можат да се жалат на одлуката, единствен начин да се смени одлуката е да се оди пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС) во Швајцарија.
Службени 3:0 за Рен – Тотенхем испадна од Конференциската лига