Тренерот на францускиот шампион Лил – Криштоф Галтие по синоќешната победа од 2-1 кај Анжи со што неговиот тим стигна до титулата рече дека да се биде подобар од ПСЖ е нешто исклучително. Истакна дека неговите фудбалери се вистински херои.
„Да го победиш ПСЖ во првенството е нешто исклучително. Играчите беа неверојатни. Секоја им чест, тие се херои“ рече Галтие кој по третпат е прогласен за тренер на сезоната во Франција.
Ова е прва титула за Лил по пауза од 10 години, вкупно шеста во клупската историја.
На другата страна богатиот ПСЖ останува со 9 шампионски титули.
Екипата на Монако на крајот на првенството заврши на третата позиција и ќе игра квалификации за ЛШ.