Европската фудбалска унија (УЕФА), се огласи по повод шпекулациите, дека Европското првенство би можело да се одржи во само една држава. Иако една таква опција, поради актуелната состојба со коронавирусот, најави првиот човек на оваа организација, Александар Чеферин, а медиумите пренесоа дека станува збор за Русија, во средата УЕФА испрати демант на ваквите наводи.
„УЕФА напорно работи за да може турнирот да се одржи во 12 држави“, порачале од седиштето на УЕФА.
Поради пандемијата со коронавирусот терминот на одржувањето на ЕП е поместен за една година. Континенталниот шампионат ќе се одржи во јуни наредната година.
ЕУРО 2021 ќе биде отворено на 11.јуни, во Рим, со натпреварот помеѓу Италија и Турција, а големото финале е закажано за еден месец подоцна на „Вембли“, во Лондон.