УЕФА и официјално покрена дисциплинска постапка против српскиот шампион Црвена звезда за мечот со Милан, на кој покрај навредите на национална база кон Златан Ибрахимовиќ, очигледно не се почитувале и мерките за заштита од КОВИД-19.
До Ибрахимовиќ, кој не играше на мечот кој заврши 2:2, но беше на клупата, од новинарската ложа од лице за кое српските медиуми тврдат дека не е новинар му беа довикувани погрдни зборови поради неговото бошњачко потекло. Звезда подоцна со соопштение му се извини лично на Ибрахимовиќ.