Умбер подготвен за Вимблдон, го наследи Федерер во Хале

Умбер подготвен за Вимблдон, го наследи Федерер во Хале

пред 3 години

Францускиот тенисер, Иго Умбер стигна до титулата од Хале опен, победувајќи го светскиот рекет број 7, Андреј Рубљов со 6:3/7:6(4) за да стане еден од фаворитите за изненадување на Вимблдон оваа година.

За 22-годишниот Французин ова е трета титула во кариерата и прва на трева, завршувајќи ја совршената недела во северна Германија во која победи еден куп на специјалисти за игра на тревнета подлога – Сем Квереј, Алекс Зверев, Себастијан Корда и Феликс Оже-Алијасим.

 

Share
Scroll to Top