Легендата на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, очекувано, жестоко го критикуваше својот поранешен клуб, по дебаклот во Комо и поразот од 4:1.
„Комо на Сеск Фабрегас нè направи да изгледаме како на лотарија да сме го диобиле учеството во Лигата на шампионите. Понекогаш се чувствуваше како Комо да има 12 играчи на теренот. Бевме беззаби во нападот. Немавме никаква офанзива во тимот. Не можевме да го притиснеме Комо. Немавме план кога го имавме поседот.
Голем дел од заслугата мора да му се припише на Сеск за начинот на кој го изгради овој тим, а потоа ќе видите како ги всади своите идеи во овој тим. Секој си ја знае својата работа и е максимално фокусиран и со и без топка. Ја додаваат топката на соиграчите кои се под притисок – одличен пример за меѓусебна доверба“, напиша на „X“, Фердинанд и дополни.
„Но тоа не е изговор за нас. Бевме лоши вечерва и во моментов изгледаме како тим без самодоверба, треба многу да се направи за да се сврти ова… А јас дури и не почнав со повредите! Разликата во буџетите дефинитивно не влијаеше на разликата помеѓу двата тима на теренот. Патем, Нико Паз е одличен фудбалер“.
Foto/ Depositphotos






