Мурињо менаџер на месецот во Премиер лигата

Мурињо менаџер на месецот во Премиер лигата

пред 3 години

Жозе Мурињо е избран за најдобар менаџер во Премиер лигата, во месец ноември. Португалецот успеа да се искачи со Тотенхем на челната позиција на табелата. Минатиот месец, Тотенхем забележа победи во дуелите со Брајтон, ВБА и Манчестер сити и одиграа нерешено на „Стенфорд Бирџ“ со Челси.

Португалецот, четврти пат во кариерата, ја доби наградата за менаџер на месецот, но ова е негова прва награда уште од 2007 година, кога го предводеше Челси.

„Оваа награда се нарекува менаџер на месецот, но јас сметам дека би требало да се нарекува тим на месецот. Оваа награда е за моите играчи, асистенти, скаути, наградата е за сите што придонесоа за успешните резултати“, рекол Мурињо.

Менаџеорт на Тотенхем истакнал дека победата над Манчестер сити, од психолошки аспект, била најважна за неговиот тим.

 

Share
Scroll to Top