Англискиот играч за врска Фил Фоден го обнови договорот со Манчестер Сити до 2027 година. Претходниот договор на Фоден со „граѓаните“ истекуваше во 2024 година, но раководството на Манчестер Сити направи се за да го врзе долгорочно талентираниот фудбалер, кој е производ на клупската академија.
22-годишниот фудбалер стана клучна фигура на менаџерот Пеп Гвардиола и веќе има освоено 11 трофеи со тимот.
„Ме направи десетпати подобар игра. Тој ми помогна да се подобри мојата игра во сите аспекти и јас сум многу благодарен. Уживам во фудбалот под водство на Гвардиола“, изјави Фоден.
Фил Фоден има седум гола на 13 натпревари, вклучително и хет-трик во победата од 6:3 над Манчестер Јунајтед претходно овој месец.