Фиорентина контактирала со Гатузо

Фиорентина контактирала со Гатузо

пред 3 години

Фиорентина, во обид да ги поправи лошите резултати, контактирала со претставниците на тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, кој пак се соочува со многу проблеми со управата на неговиот клуб.

Италијанските извори тврдат дека претседателот на клубот од Фиренца, Роко Комисо, директно контактирал со агентот на Гатузо, кој најверојатно ќе замине со клубот од Неапол по крајот на сезоната.

Фиорентина има договор со повратникот Чезаре Прандели до јуни 2021 година, но ниту неговото враќање не ги подобри резултатите Виола, кои се на 14. место на табелата со само 25 поени во исто толку натпревари, само пет над зоната за испаѓање.

Share
Scroll to Top