Французинката Стефани Фрапар ќе биде првата судијка која ќе биде одговорна за меч од Лигата на шампионите, откако УЕФА ја делегираше за мечот помеѓу Јувентус и Динамо Киев во среда.
36-годишната Фрапар беше првата судијка која беше дел од големо натпреварување на УЕФА, откако ја делеше правдата на Суперкупот на УЕФА помеѓу Ливерпул и Челси во Истанбул минатата година. Таа исто така беше судијка на женското финале на СП помеѓу САД и Холандија лани, минатата година беше првата судијка во меч од Лига 1 (Амиен-Стразбур) како и прва судијка во Лига Европа (Лестер-Зорја Луханск).
Швајцарката Никол Петиња беше првата жена судијка во меч на УЕФА откако беше одговорна за три мечеви од квалификациското коло на УЕФА купот од 2004 до 2009.