ФФМ го суспендира теренот на Шкендија

ФФМ го суспендира теренот на Шкендија

пред 3 години

Натпреварувачката комисија на ФФМ да го суспендира теренот на ФК Шкендија и го предаде клубот на дисциплинска комисија.

Дисциплинската комисија ќе одлучува за мерките кои ќе бидат преземени.

Дербито во неделата, помеѓу Шкендија и новиот шампион Шкупи заврши 0:0. Мечот ќе биде запаметен по скандалите, прекините и неспортската атмосфера.

Тензиите почнаа уште на пат кон Тетово, кога полицијата ја сопре навивачката група на Шкупи, „Шверцери“, а по пристигнувањето на стадионот беа нападнати фудбалерите на Шкупи. Мечот исто така беше во прекин откако беше фрлена голема количина на тоалетна хартија на теренот, а пред полувремето, кон клупата на Шкупи беа фрлани камења, повредени беа еден фудбалер и еден од помошниците на главниот судија.

Share
Scroll to Top