Луис Хамилтон зад себе има седум светски титули, исто како и легендата на Ферари, Михаел Шумахер, но според стариот ривал на Шуми, Мика Хакинен, тоа не значи дека Англичанецот е подобриот возач.
„Во Формула 1 секогаш има години кога еден возач е ѕвезда и поставува одлични резултати. Но, потоа доаѓа следниот. Затоа, да се споредуваат две различни времиња е погрешно и тешко е да се даде оценка бидејќи времето се менува. Сигурно е дека Хакинен го искористи своето време во Формула 1 многу добро“, вели Хакинен за „Скај спорт“.
Финецот, кој освои две титули во Ф1 со Мекларен Мерцедес, вели дека има многу млади возачи кои чекаат да му ја земат круната на Хамилтон, како Макс Ферстапен, Шарл Леклер, но и Валтери Ботас.
„Тие се многу блиску. Тука се Луис, Ферстапен, а и Валтери е блиску. Рано е да се каже како ќе се одвива оваа сезона. Многу работи може да се случат. Се надевам дека ќе биде возбудливо“, вели Финецот.