Хетафе останува „закован“ на дното – Селта со голема победа

Хетафе останува „закован“ на дното – Селта со голема победа

пред 3 години

Ниту враќањето на Кике Флорес Санчез не ја смени среќата на Хетафе, откако клубот кој пред некоја сезона се бореше за место во Европа, го забележа осмиот пораз во 10 меча за да остане „закован“ на дното на Ла лига по 0:3 декласирањето од Селта Виго.

По првото полувреме без голови, Хетафе капитулираше во три минути. Санти Мина во 55. минута ги донесе гостите во водство, за три минути подоцна „вечниот“ Јаго Аспас да зголеми на 0:2. Хетафе во 63. минута остана со играч помалку по црвениот картон на Џене, за Мина во 73. минута да го комплетира триумфот на Селта.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top