Хокс пропуштија +26, но на крајот направија „брејк“ во Филаделфија

Хокс пропуштија +26, но на крајот направија „брејк“ во Филаделфија

пред 4 години

Атланта хокс стигна до 128:124 победа на гости кај Филаделфија 76ерс во првиот меч од полуфиналето на Источната конференција по драматична завршница откако имаа дури 26 поени предност во текот на мечот.

Гостите имаа фантастичен старт на мечот, добивајќи ја првата четвртина со 42:27, предност која ја зголемија на максимални 26 поени, за на полувреме да отидат со фантастични 20 поени разлика. Домаќините, инаку тим со најдобар скор во регуларната сезона на Истокот, успеаја да се вратат и да дојдат на само три поени разлика во самиот финиш, пред Колинс да го реши мечот.

Треј Јанг блесна за Хокс со 35 поени, Колинс имаше 21, а Богдан Богдановиќ 29, додека на Филаделфија не помогна ниту 39-те поени на Ембид. Вториот натпревар се игра во вторник навечер.

Во првото коло на плејофот, Филаделфија со 4:1 го елиминираше Вашингтон, додека Атланта со идентични 4:1 ги победи Њујорк никс.

Share
Scroll to Top