Цибона победи со 110 поени разлика

Цибона победи со 110 поени разлика

пред 11 месеци

Кошаркарите на Цибона остварија победа над Вриједноснице Осиек со дури 110 поени разлика во хрватското првенство. Конечниот резултат е 148:38.

Иако Цибона е аутсајдер, не е ниту меѓу првите три екипи во хрватското првенство, туку е на четвртото место со скор 18-13, а тимот од Осиек е на последното место со скор 7-24, резултатот е за рубриката „верувале или не“.

Јасно беше дека Цибона ќе победи, но не со толкава разлика. Интересно е што ова беше трет дуел меѓу овие екипи оваа сезона, а во претходните два, победи Цибона, со 22 разлика во обете средби (84:72, 73:63).

Поради ова, јасно е дека се случило нешто непредвидено.

Незадоволен од последните резултати, Александар Хркач, првиот човек и финансиер на КК Вриједносница Осиек, единствениот славонски член на Премиер лигата, го отпушти целиот тим и тренерот пред околу две недели.

Клубот до крајот на сезоната ќе игра со играчи од кадетскиот и јуниорскиот тим.

Интересно е што во првите три четвртини гостите од Осиек беа едноцифрени, со пет, девет и четири поени. Дури во четвртата четвртина постигнаа повеќе поени (33:5, 39:9, 41:4, 35:20).

Кај Цибос, 40 поени постигна Перасовиќ, а трипл-дабл забележа Шкориќ (27 поени, 13 скока и 10 асистенции).

Share
Scroll to Top