Чалханоглу се прости од Милан – следуваше канонада од навреди

Чалханоглу се прости од Милан – следуваше канонада од навреди

пред 3 години

Турскиот фудбалски репрезентативец – Хакан Чалханоглу, довчерашниот играч од среден ред на Милан се прости од „Росонерите“ со специјална видео-снимка.
Турскиот фудбалер видеото го сподели на социјалните мрежи и во него им се заблагодари на сите во Милан за се што помина во изминатите 4 години.


Чалханоглу реши да премине во редивите на големиот градски ривал – Интер со што испровоцира многу навивачи на „црвено-црните“, па наиде на канонада од напади и навреди на социјалните мрежи.
„Камен на сопнување“ беше висината на платата што ја бараше фудбалерот.Милан му нудеше 4 милиони евра по сезона, додека „Нероазурите“ дадоа 5 милиони.
„Интер може да соопшти дека Хакан Чалханоглу им се приклучи на нероазурите. 27-годишниот фудбалер стави потпис со клубот до 30. јуни 2024 година“ – стои во соопштението на Интер.

Share
Scroll to Top