Челси на Тухел сврза три победи во низа

Челси на Тухел сврза три победи во низа

пред 4 години

Новиот тренер на Челси, Томас Тухел, ги предводеше „сините“ до трета победа во низа, откако кај „фенерџијата“ Шефилд јунајтед славеа со 2:1.

Челси, во новиот систем на игра, повторно доминираа во поседот на топката, со над 60 отсто, но во првото полувреме немаше многу шанси, освен таа на Бурк за домаќините уште на стартот на мечот. Единствениот удар на голот во првото полувреме беше во 43. минута кога Тимо Вернер го најде Мејсон Маунт, кој ја продолжи одличната форма со нов гол.

Во второто полувреме, Антонио Ридигер си постигна автогол во 54. минута од мечот за израмнување на 1:1, но само четири минути подоцна Ремсдејл го собори Вернер во шестнаесетникот, а Жоргињо беше сигурен од белата точка.

Трите поени значат дека Челси се искачи на петтото место на табелата со 39 поени, колку што имаат и Вест хем зад нив, но уште позначајно, само поен зад Ливерпул на четвртото место. Шефилд јунајтед по 23 кола, остануваат на последното место со 11 поени, дури 12 од безбедната зона.

Share
Scroll to Top