Шарунас ги победи „своите“

Шарунас ги победи „своите“

пред 4 години

Тренерот на Барса, Шарунас Јасикевичиус имаше триумфално враќање во Литванија, откако неговит тим стигна до 73:62 победа на гости, сопирајќи го обидот за камбек на неговиот поранешен тим.

Брендон Дејвис имаше 16 поени за Барса, Кајл Кјурик додаде 15, а Ник Калатес иако постигна само 6 поени, имаше и 10 аситенции, 5 скока и 3 украдени топки. За Жалгирис, 20-годишниот Рокас Јокубаитис уфрли 15 поени, а Најџел Хејс и Жофри Ловерњ постигнаа по 10 поени. Барса сега има 9-2 скор за да се на првото место на табелата со ЦСКА Москва, додека Жалгирис паднаа на 5-7.

Реал Мадрид исто така стигнаа до победа, триумфирајќи со 91:84 со камбек против АСВЕЛ, прекинувајќи ја нивната мини-серија. Серхио Љуљ имаше 5-од-6 за тројки за да стигне до 19 поени, Валтер Таварес исто така имаше 19, додека за францускиот клуб, Норис Кол и Гершон Јабуселе имаа по 21 поен.

Басконија пак, ја прекина низата од четири порази од Анадолу Ефес со импресивна 77:59 гостинска победа. Алак Питерс уфрли 18 поени против својот поранешен клуб, додавајќи 7 скока и 3 асистенции за да го подобри скорот на баскискиот клуб на 6-5.

ЕВРОЛИГА, 12.КОЛО

Анадолу Ефес – Басконија 59:77 (20:17, 17:25, 13:21, 9:14)

Жалгирис Каунас – Барселона 62:73 (14:17, 19:22, 15:16, 14:18)

Баерн Минхен – Химки 80:77 (15:22, 28:18, 21:24, 16:13)

Реал Мадрид – Асвел Лион 91:84 (19:26, 21:24, 21:20, 30:14)

Share
Scroll to Top