Антонио Ридигер е суспендиран шест натпревари поради инцидентот што го предизвика во саботата, во финалето на Купот на кралот помеѓу Реал и Барселона.
Во фантастичен натпревар, Барселона го победи Реал со 3:2 по продолженијата, а Ридигер, во напад на неверојатен бес, најпрвин фрли пластично шише кон судијата, а потоа и сакаше физички да се пресмета со него.
Ридигер веќе беше заменет, но сепак доби црвен картон.
Со оглед на тоа што останаа уште пет кола пред крајот на сезоната, а Ридигер го оперираше коленото, тој ќе го отслужи преостанатиот натпревар од суспензијата на почетокот на следната сезона.
Џуд Белингам исто така доби црвен картон на крајот од натпреварот, но не беше казнет. Беше оценето дека судијата направил грешка во својата проценка.
Лукас Васкез доби казна за црвениот картон, тој е суспендиран на два натпревари бидејќи беше меѓу оние кои протестираа на крајот од второто продолжение. Тој го предводеше тој протест фрлајќи мраз кон судијата, додека Винисиус мина без казна.