Ѓоковиќ против Надал во второто коло на Олимпијадата во Париз

Ѓоковиќ против Надал во второто коло на Олимпијадата во Париз

пред 2 месеци

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, двајцата најдобри тенисери во историјата, би можеле да играат еден против друг во второто коло на олимпискиот турнир во Париз.

За да дојдат до меѓусебната пресметка, Ѓоковиќ во првото коло треба да го совлада Австралиецот Ебден. додека Надал на стартот ќе ги одмери силите со Унгарецот Мартон Фучовиќ.

Доколку ги мине првите две кола според предвидената ждрепка на Ѓоковиќ, кој е поставен за прв носител, во третото коло би играл со домашниот адут Артур Филс, додека во четвртфиналето можен дуел е со осмиот носител Стефанос Циципас.

Потенцијален ривал на српскиот ас во полуфиналето би можел да биде актуелниот олимписки шампион Александар Зверев.

Долната половина од ждрепката ја предводи Карлос Алкараз, кој ќе стартува против Либанецот Хабиб. Негов потенцијален ривал во четврт-финалето е Алекс Де Минор, а во полуфиналето Данил Медведев.

Share
Scroll to Top