Ашраф Хакими е најскапиот фудбалер кој ова лето ги засили редовите на ПСЖ. Играчот од кого Реал лесно се откажаа, преку Интер за 60 милиони евра пристигна на „Паркот на принцовите“.
Хакими, во првите седум натпревари, има постигнато три голо, вклучувајќи ги двата пред три дена, во драматичната победа над Мец (2:1).
Хакими, на француските медиуми им открил дека во ПСЖ не дошол само поради парите, туку и дека одлуката ја донел и од верски и културолошки причини.
„И покрај тоа што пораснав во Шпанија, ние сме Мароканци. Дома разговараме на арапски, муслима сме, јадеме мароканска храна. Кога имав 14 години и добив повик од Мароко, веднаш ја прифатив понудата. Подоцна имаше контакти со Шпанија, но јас веќе имав решено за кого ќе играм. Јас сум муслиман и поради тоа го одбрав Париз, ова постои голема муслиманска и арапска заедница. Знам дека тука ќе се чувствувам како дома“, рекол Хакими.
„Имав две понуди, интуицијата му говореше да го одберам Париз. Дека тука ќе бидам среќен. ПСЖ е одличен клуб. Имав среќа што покрај мене клубот се засили со големи ѕвезди. Сигурен сум дека донесов исправна одлука“.