Најмар: Наредната сезона јас и Меси треба да играме заедно

Најмар: Наредната сезона јас и Меси треба да играме заедно

пред 3 години

Нејмар, по триумфот на ПСЖ над Манчестер јунајтед (3:1) без „влакна на јазикот“ говорел за статусот на Лионел Меси и му испратил порака каде треба да игра наредната сезона.

Летниот преоден рок ја обележа сагата со Меси. Аргентинецот сакаше, но на крајот не успеа да замине од Барселона. По завршувањето на оваа сезона тој ќе биде слободен играч. Доколку во меѓувреме не го продолжи договорот, тој веќе од 1.јануари ќе може да преговара со други екипи.

Во ситуација кога фудбалските клубови трпат големи загуби поради пандемијата на коронавирусот, ПСЖ и Манчестер сити, веројатно се единствените клубови кои можат да ги исполнат финансиските барања на Аргентинецот.

„Најмногу сакам повторно да играм со Лео Меси. Сигурно е дека наредната година треба да бидеме заедно…“, порачал Бразилецот.

Нејмар и Меси беа соиграчи во Барселона четири сезони (2013-2017), во 2015 година ја освоија Лигата на шампионите.

Share
Scroll to Top