Легендарниот германски фудбалски голман Јенс Леман веќе не ја извршува улогата советник во бундеслигашот Херта. Управата на клубот од Берлин решила да му врачи отказ на поранешниот голман на Арсенал и на селекцијата на Германија поради расистичка смс-порака упатена до поранешниот фудбалер, Денис Ајого, кој сега е стручен консултат за „Скај Германија“.
Пораката на екс-голманот е протолкувана како расистичка, а општа конфузија настанала откако Ајого ја објавил преписката со Леман.
„Дали е Денис твој црнец? му нашишал Леман на Ајого, а пораката дефинитивно не била наменета за адресата на која што стигнала.
Ајого возвратил:
„Дали си сериозен? Оваа порака дефинитивно не си сакал да ми ја испратиш мене“.
Потоа Леман јавно му се извинил на екс-фудбалерот и навел дека се случило големо недоразбирање.
„Веќе го викнав Денис и го замолив за прошка, доколку сето тоа го навредило. Не требаше воопшто така да звучи, требаше да биде шега. Точно е дека беше наменето за друг, но се во позитивна смисла. Ја преземам одговорноста за мојата постапка“ изјавил Леман, но не потенцирал на кого сакал да му ја испрати пораката.