Јоаким Лев неславно се прости од Германија

Јоаким Лев неславно се прости од Германија

пред 3 години

Јоаким Лев ја заврши својата кариера како селектор на Германија. Лев 15 години го предводеше националниот тим на својата земја. Најголемиот успех го постигна во 2014 година, кога ја освои светската фудбалска круна.

Јоги Лев, по завршувањето на Светското првенство во 2006 година, ја презеде функцијата од Јирген Клинсман. Успеа да го освои Мундијалот во Бразил, две години подоцна на Европското првенство во Франција испадна од домаќинот во полу-финалето, а во 2017 година со шарен состав триумфираше на Купот на Конфедерации.

Од тој момент започнува неговиот и падот на Германија. Светскиот првак во Русија не успеа да ја одбрани титулата, Германците во првата фаза се вратија дома.

Во последната година, Германија со Лев доживеа неколку шокантни порази, меѓу кои е и оној од Македонија во Дуизбирг, во квалификациите за пласман на СП во Катар.

Германија, вчера во Лондон, не успеа преку Англија да се пласира во четврт-финалето на ЕУРО 2020. Овој дуел беше последен за Лев на германската клупа.

„Големо разочарување. Се надевавме дека постигнеме подобар резултат. Верувавме дека можеме. Сепак не ги искористивме нашите шанси и испаднавме“, рекол 61 годишниот тренер и дополнил.

„По 15 години работа време е за одмор. Има време за нови предизвици. Во моментов немам никаков план“.

На местото на Лев доаѓа Ханс-Дитер Флик, тренерот кој во 2020 со Баерн ја освои Лигата на шампиони.

Графика/ Sofa score
Share
Scroll to Top