Лука Јовиќ сака да добие шанса во Реал Мадрид, доколку не е во плановите на Карло Анчелоти, тогаш сака да се пресели во клуб каде што ќе биде стартер. Јовиќ, пред две години се пресели во Реал за 60 милиони евра, последните шест месеци тој беше позајмен во Ајнтрахт Франкфурт. За Реал одиграл 27 натпревари, постигнал само два гола.
„Приоритет е да играм во квалитетна лига и квалитетен тим. Долго време седев на трибините, сега ми е најважно да играм. Доколку потвторно заминам тогаш тоа ќе биде во клуб ѓто ќе го препознае мојот квалитет и каде ќе бидам во почетната постава“, им изјавил Јовиќ на шпанските медиуми.
„Занм колку можам. Се обидувам да оставам добра впечаток на тренинзите, се обидувам да го покажам квалитетот. Минатите две сезони можеа да бидат подобри, но се случија многу работи. Сакам на сите да им покажам дека не дојдов случајно во Реал. Со тренерот Анчелоти не сум разговарал. На подготовките ќе се обидам да се наметнам. Кога сте во ваков клуб не можете ништи да загубите, можете само да добиете. Играте со најдобрите играчи во светот, секојдневно од нив учите нови работи“.
Јовиќ со Реал има договор до јуни 2025 година.