Астон вила потврдија дека нивниот помошник тренер Џон Тери го напушта тимот на Дин Смит, во обид да најде самостојна менаџерска работа.
Тери, кој е жива легенда на Челси беше поврзуван со повеќе позиции во минатото, и сега според англиските букмејкери е прв фаворит за местото во Свонси.
„За мене беше огромна чест и привилегија да поминам три години во Астон вила, но мислам дека сега е вистинско време да одам понатаму. Сакам да ја искажам својата огромна почит кон клубот и кон менаџерот. Сега, првиот план е да поминам време со семејството, а потоа да почнам во потрага за клуб“, вели Тери.
40-годишниот Тери помина една сезона во Вила како фудбалер во 2017/18, кога клубот загуби во плејофот за влез во Премиер лигата од Фулам. Потоа тој се пензионираше и беше именуван за помошник на Смит.