Во својот говор во Варшава, американскиот претседател, Џо Бајден ја спомена борбата меѓу комунизмот и Западот за време на Студената војна.
„Тоа беше борба за слобода, борба меѓу слободата и репресијата“, рече Бајден.
Тој предупреди дека војната во Украина нема брзо да заврши, додавајќи дека луѓето „мора да се подготват за долгата борба што претстои“. Оваа борба нема да заврши во наредните денови или месеци, рече Бајден.
„Русија ја задави демократијата. Тврдењето на Путин дека ја денацизира Украина е непристојно“, рече тој.
„НАТО е одбранбен сојуз кој никогаш не барал пад на Русија“, им рече тој на собраните. Во еден момент се закани. „Земјите на НАТО се едно, така што Путин не треба ни да помисли да ги нападне“, заклучи Бајден.
Тој испрати и порака до Украинците: „Ние стоиме покрај вас“.
Додаде дека Путин не е заинтересиран за никакви преговори.
„Ние не сме заинтересирани ниту за војна“, беше јасен Бајден.
Исто така, според него, „рубљата се претвори во пепел како резултат на санкциите“