Борците од „Азовстал“: Ситуацијата е сè полоша, со проектил е погодено возило за евакуација

пред 2 години

Михајло Вершињин, еден од преостанатите украински борци во фабриката за челик во Мариупол, зборуваше за Би-би-си за условите што владеат во „Азовстал“.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Ситуацијата во челичарницата сега е критична. Веќе некое време беше критична, но сега се влошува. Веќе два дена руските сили активно се обидуваат да го нападнат ‘Азовстал’ и да ги потиснат бранителите со артилерија, авијација и тешко вооружување. Има многу загуби и повредени, не успеавме да ги спасиме сите ранети“, рече Вершињин.

„Најважно е што во засолништата на фабриката и натаму има цивили. Неодамна при исклучително тешкото бомбардирање на ‘Азовстал’ загинаа двајца цивили, а десетина беа ранети. Во моментот немаме информации колку цивили загинале затоа што не можеме да ги напуштиме позициите и да одиме во засолништата каде што се тие“, рече бранителот.

Во меѓувреме, полкот „Азов“ објави дека за време на прекинот на огнот на територијата на фабриката за челик „Азовстал“ во разурнатиот Мариупол, руските сили истрелале противтенковска граната врз автомобил кој се обидувал да помогне во евакуацијата на цивили.

Сè уште не е јасно дали прекинот на огнот во областа на „Азовстал“ и натаму е на сила, односно дали се почитува.

Азов на својот канал на „Телеграм“ објави: „Во гранатирањето загина еден војник, а шестмина се ранети. Непријателот продолжува да ги прекршува сите договори и одбива да ги почитува безбедносните гаранции за евакуација на цивили“.

Си-ен-ен јавува дека полкот „Азов“ има десетици борци во фабриката за челик.

Share
Scroll to Top