Британија воведе санкции за уште 206 лица, меѓу кои и сопругата на Сергеј Лавров

пред 3 години

Велика Британија денеска воведе санкции за уште 206 лица, вклучително и 178 кои тврдат дека ги поддржуваат самопрогласените републики на територијата на Украина.

Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство соопшти дека меѓу санкционираните лица се и Александар Ананченко и Сергеј Козлов, кои се наведени како премиери на самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск, пренесува Ројтерс.

Санкциите ги вклучуваат и Павел Езубов, роднина на рускиот милијардер Олег Дерипаска и Нигин Заиров, извршен асистент на бизнисменот Михаил Фридман.

На Марија Лаврова, сопругата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, и е забрането патување.

Британската влада оваа недела ќе почне да донесува закон со кој се забранува увоз на производи од железо и челик од Русија, како и извоз на квантни технологии, напредни материјали и луксузни стоки во оваа земја, наведува британската агенција.

Share
Scroll to Top