Бројот на жртви во Италија се искачи на 13 лица, критична е состојбата на двете деца

пред 4 години

Во несреќата што ја погоди Италија загинаа 13 лица, а две деца се во критична состојба.

Несреќата се случи кога кабината од жичница што води од градот Стреза се откачи и се урна. Во тоа време во кабината имало 15 патници.

Десет од настраданите беа пронајдени во кабината и три надвор. Децата на возраст од 9 и 5 години со тешки повреди и скршеници се пренесени во болница во Торино со два хеликоптери и се во сериозна состојба со неизвесна прогноза.

Во моментот кога се урнала кабината, таа била на 100 метри од земјата.

Идентификацијата на жртвите е во тек и истрагата за причините за уривањето на кабината започна.

Во име на италијанската Влада, премиерот Марио Драги изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Share
Scroll to Top