Извршната директорка на ЕМА, Емер Кук известува за најновите информации што ги имаат во врска со вакцината на „Астразенека“, односно несаканите ефекти поради кои околу 20 земји привремено ја прекинаа вакцинацијата со оваа вакцина.
„Згрутчување на крвта се случи кај мал број луѓе. Илјадници луѓе ги добиваат секоја година, ние сакаме да утврдиме дали се поврзани со вакцината”, рече Кук.
„Ние ќе го проучуваме секој случај поединечно, нашите експерти ќе се состанат повторно денес и ќе ги анализираат сите податоци од сите членови. После тоа, повторно ќе се состанеме в четврток и ќе донесеме одлука”, рече таа.
„Мал број на тромбови се развија за време на клиничките испитувања. Бројот не беше поголем отколку кај општата популација”, вели Кук. Таа нагласува дека пандемијата е огромен товар на здравјето и дека вакцината е спас за Европа.