(Видео) На детско игралиште во Белград убиен маж

(Видео) На детско игралиште во Белград убиен маж

пред 6 месеци

Едно лице беше убиено синоќа во пукотница на булеварот „Вудро Вилсон“ во Белград на вода, објави РТС.

Докторката Виолета Николиќ од Одделот за итни случаи потврди за РТС дека 35-годишен маж бил застрелан синоќа во 23:13 часот.

„Нашиот тим можеше само да заклучи дека 35-годишниот маж е мртов“, рече д-р Николиќ.

На социјалните мрежи се објавени снимки на кои се гледа телото на убиениот маж на детско игралиште и апсењето на друго лице.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) На детско игралиште во Белград убиен маж е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top