(Видео) Објавено видео од опколениот Азовстал во Маријупоље: 50 дена сме под земја, не сме виделе ни сонце ни небо

пред 3 години

Од внатрешноста на опколената челичарница Азовстал во Мариупол се појави видео, на кое се гледаат жени и деца кои велат дека немаат сила и дека мора итно да се евакуираат на територијата што ја контролира Украина.

Снимката е направена во четвртокот. Жените велат дека 15 деца живеат во тунели под фабриката за челик, од бебиња до тинејџери. Тие биле заробени заедно со нивните семејства и други цивили, вклучително и работници во фабриката.

На видеото се гледаат неколку деца, опкружени со облека и импровизирани кревети. Едно момче вели дека очајно сака повторно да ја види сончевата светлина и да дише свеж воздух надвор.

Неименувана жена вели дека поминала 50 дена под земја од 25 февруари, вториот ден од руската инвазија на Украина. Други велат дека се засолниле во фабриката на почетокот на март, додека руските сили ги нападнале нивните станови со артилериски и воздушни напади.

„ Сите намирници што ги понесовме со нас се при крај. Наскоро нема да имаме доволно храна ниту за децата“ – рече таа.

„ Тука сме и ни треба помош. Ние сме во епицентарот на настаните и не можеме да излеземе. Моето дете треба да биде евакуирано во мирна област, како и другите. Бараме безбедносни гаранции за нашите деца“ – додаде таа.

Една девојка на видеото вели дека излегла од дома на 27 февруари и дека оттогаш не видела „ни небо, ни сонце“.

Share
Scroll to Top