(Видео) Човекот кој уби петмина во Англија бил опседнат со американско оружје и го поддржувал Трамп

пред 3 години

Напаѓачот кој синоќа во англискиот град Плимут застрела и уби пет лица, меѓу кои и петгодишно дете, е Џејк Дејвидсон, млад човек 20-на години. Според очевидци, тој одел по улица и пукал во луѓе. Четворица од застреланите починале на лице место, а еден во болница. Меѓу нив е и дете на околу 5 годишна возраст.

Како што рекле некои од очевидците, двајца од убиените биле случајни минувачи, кои ги шетале своите кучиња.

Полицијата објави дека напаѓачот бил пронајден мртов на лице место и дека имал прострелна рана, но неговиот идентитетот се уште не е официјално потврден.

Иако живеел во Плимут, на неговата Фејсбук страница било наведено дека потекнува од американскиот град Феникс. Тој го поддржувал поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп на социјалните мрежи и споделил бројни статуси за истражување на вселената. Наводно, тој работел за компанија која објави откази за илјада свои работници во април.

Многу луѓе кои го коментираат неговиот профил на социјалните мрежи, а кои тврдат дека го познаваат, пишуваат дека биле загрижени за неговото ментално здравје, а се споменува и неодамнешната борба против тумор во неговото семејство.

Медиумите пишуваат дека Дејвисон е десничар кој е опседнат со американската култура на оружје. Неговиот Фејсбук е полн со американска пропаганда, како слика на орел пред знаме и слика на статуа на која е прикажан колонијален земјоделец.

Дејвисон има и страница на Јутјуб каде зборува за неговиот неуспешен љубовен живот.

„ Многу сум пропуштил како тинејџер, се надевам дека ќе можам да надокнадам … Не се залагам за ова, но ако треба, можеби дури и ќе се обидам да конзумирам дрога и да надокнадам, можеби се*с на кокаин или нешто друго. Можеби тоа ќе го надомести пропуштеното тинејџерско искуство” вели тој во едно видео на Јутјуб.

Пред само две недели, Дејвисон зборувал за тоа колку е тешко да се „има волја“ кога „животот никогаш не те наградил“. Во другите видеа, тој се жали и зборува дека има опрема за убивање.

Share
Scroll to Top