Вооружен напаѓач во Турција држи како заложници работници на американска компанија

Вооружен напаѓач во Турција држи како заложници работници на американска компанија

пред 6 месеци

Вооружен напаѓач држи во заложништво неколку работници на американска компанија за стока за широка потрошувачка во Турција, според новинската агенција Демирорен, „очигледно“ во знак на протест против нападите на Израел врз Газа.

Маж упаднал во фабрика во индустриска зона во провинцијата Коџаели околу 15 часот по локално време, додаде Демирорен.

Агенцијата наведува дека полицијата дошла на местото на инцидентот и се обидува да го убеди мажот да се повлече.

На местото на инцидентот отишол и гувернерот на Коџаели, јавува Ројтерс.

Турските власти се уште не се огласиле за инцидентот.

Текстот Вооружен напаѓач во Турција држи како заложници работници на американска компанија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top