Во Грција за еден ден починаа 71 лице од коронавирус

пред 4 години

Во Грција се регистрирани 1.698 нови случаи на коронавирус во изминатите 24 часа, а 71 лице починало, објави Националната организација за јавно здравје.

Од почетокот на пандемијата, заразени се 74.205 лица. Од заразените, 4.648 случаи се поврзани со патувања во странство, а 19.018 со претходно познати случаи.

Во моментот 392 пациенти се на респиратори, пренесува грчката новинска агенција, АНА.

Досега во Грција починале 1.106 лица од коронавирус.

Share
Scroll to Top