Во Србија денеска ќе пристигнат уште 100.000 дози од руската вакцина

пред 4 години

Вечерва 100.000 нови руски вакцини „Спутник В“ ќе пристигнат во Србија и тие ќе бидат пренесени од аеродромот „Никола Тесла“ во институтот Торлак, а утре ќе започне нивната дистрибуција до центрите за вакцинација, изјави министерот за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ

Како што беше соопштено од министерството, Поповиќ утрово телефонски разговарал со рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров, а во разговорот било потврдено дека „братска Србија останува приоритет во доставувањето на вакцините за Русија “.

„Ова е уште еден доказ дека секогаш можеме да се потпреме на нашите руски браќа и дека, како и многу пати досега во нашата историја, Русија никогаш не ја оставила Србија на цедило“, рече Поповиќ, додавајќи дека оваа испорака е потврда за најдобрите односи на Србија и Русија.

Поповиќ потсети дека Србија се согласи да купи вкупно два милиони вакцини од Русија и оти целата количина на вакцина ќе биде доставена до Србија до крајот на април, се додава во соопштението.

Share
Scroll to Top