Во Србија 40 починати и над 6.000 нови случаи на коронавирус

пред 3 години

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 40 починати од коронавирус и 6.462 нови случаи. Во болница се лекуваат 5.401 пациенти, од кои 201 се на респиратор.

Вкупниот број на заболени од почетокот на епидемијата се искачи на 899.485.

Од почетокот на епидемијата, во Србија починаа 7.966 лица.

Србија е на 37 -то место во светот според бројот на заразени, според листата што ја објавува специјализираната веб -страница worldometers.info, додека според бројот на смртни случаи на милион жители, земјата се наоѓа на 76 -то место.

Share
Scroll to Top