Германија предлага четврта доза од вакцината во ЕУ

пред 3 години

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах денеска на состанокот на министрите за здравство во Брисел изјави дека ќе предложи Европската унија да препорача четврта доза од вакцината против Ковид-19 за лицата постари од 60 години.

Посочувајќи на податоци од Израел, тој нагласи дека е неопходно итно да се даде препорака за да се намали ризикот од смрт поради инфекција, пренесува „Ројтерс“.

Лаутербах додаде дека очекува вакцина прилагодена на новите варијанти да биде достапна дури наесен.

Share
Scroll to Top