До крајот на векот може да исчезнат 40 отсто од плажите во Португалија

До крајот на векот може да исчезнат 40 отсто од плажите во Португалија

пред 4 часа

Меѓународната еколошка организација Гринпис предупреди дека поради климатските промени до 2100 година би можеле да исчезнат околу 40 отсто од плажите во Португалија, пренесува Еуроњуз.

Во извештајот се наведува дека покачувањето на нивото на морето, ерозијата на брегот и екстремните временски услови веќе предизвикуваат повлекување на плажите, кое на некои места достигнува и до 40 метри.

Според Гринпис, Португалија е особено ранлива поради своето 2.500 километри долго крајбрежје и побрзиот пораст на нивото на морето од светскиот просек. Повеќе од 100.000 луѓе кои живеат во крајбрежните области се изложени на ризик од поплави.

Организацијата предупредува дека покрај климатските промени, урбанизацијата, прекумерната изградба и развојот на туризмот дополнително ја влошуваат ерозијата и ги уништуваат природните заштитни бариери долж брегот.

Текстот До крајот на векот може да исчезнат 40 отсто од плажите во Португалија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top