Евростат: Пандемијата од Ковид-19 го скрати животниот век во повеќето земји на ЕУ

пред 2 недели

Пандемијата од Ковид-19 го прекина долгорочниот раст на очекуваното траење на животот, што во повеќето земји-членки на ЕУ е пократко отколку во претходната година, објави европската агенција за статистика „Евростат“.

Најголемо намалување на очекуваниот животен век, во споредба со 2019 година, е забележано во Шпанија од 1,6 години помалку, Бугарија од 1,5 години помалку и Литванија, Полска и Романија со 1,4 години помалку.

Во Словенија просечниот животен век е скратен за една година, а во Хрватска за 0,8 години.

Од 30 земји опфатени со статистиката (сите членки на ЕУ, освен Ирска, плус Норвешка, Швајцарија, Исланд и Лихтенштајн), само Норвешка, Данска и Финска се очекува да имаат подолг животен век од 0,3, односно 0,1 години.

Според податоците за 2020 година, во повеќето земји-членки на ЕУ, мажите се малку повеќе погодени во однос на скратувањето на животниот век од жените.

Најголемо намалување на очекуваниот животен век кај мажите е забележано во Бугарија од 1.7 години, Латвија и Полска од 1.5 години и Шпанија и Романија со 1.4 години.

Во ЕУ, очекуваниот животен век постојано се зголемува во последните децении. Според официјалните статистички податоци, тој растел во просек за повеќе од две години во декадата до 60-тите години на минатиот век.

Сепак, неодамнешните податоци сугерираат дека очекуваниот животен век се намалува во последните неколку години во неколку земји-членки на ЕУ.

Share

GoGoAnime kissanime gogoanime: Watch One Piece (Dub) Episode 562

AniWatch watch anime: Watch Hige wo Soru. Soshite Joshikousei wo Hirou. Episode 2

Scroll to Top