Експлозија во фабрика во Јужна Кореја – загинаа четири лица

пред 3 години

Во експлозија во фабриката на јужнокорејската петрохемиска компанија „Yeochun NCC“ (YNCC), во пристанишниот град Јеосу, загинаа четири лица, а четворица се повредени, соопшти денеска противпожарната служба.

Несреќата се случила при тестирање на истекување во процесот на чистење, што е постапка што се изведува на секои четири години, рече службеникот.

Инцидентот се случи во време кога компаниите се подготвуваат за построги контроли според новиот јужнокорејски закон, кој предвидува казни за раководството за инциденти во кои умираат вработени, пренесува Ројтерс.

Share
Scroll to Top