Ердоган: Настаните во Газа се несреќа, катастрофа и злосторство против човештвото

Ердоган: Настаните во Газа се несреќа, катастрофа и злосторство против човештвото

пред 11 месеци

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека настаните што се случија во Појасот Газа во текот на изминатиот месец претставуваат „несреќа, катастрофа и злосторство против човештвото“.

„Турскиот народ ќе продолжи да ги поддржува жителите на Газа бидејќи тие одбиваат да ги напуштат своите домови и земја до крај“, рече Ердоган на комеморативната средба по повод 85-годишнината од смртта на основачот и прв претседател на Турција Мустафа Кемал. Ататурк, јавува “Анадолија£, пренесува Танјуг.

Тој изјави дека Израел „го тестира нашето трпение со заблуди за ветената земја, вклучувајќи ја и територијата на Турција, со закани за употреба на нуклеарно оружје“.

Текстот Ердоган: Настаните во Газа се несреќа, катастрофа и злосторство против човештвото е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top