Жена избодена до смрт на политички фестивал во Шведска

пред 2 години

Една жена е избодена до смрт на шведскиот остров Готланд за време на годишен политички фестивал пред општите избори за нешто повеќе од два месеци, соопшти денеска полицијата.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Според информациите од полицијата, осомничениот за убиството е приведен, но без дополнителни детали, пренесува „Ројтерс“.

Политичкиот фестивал на островот Готланд привлекува илјадници луѓе кои доаѓаат да слушнат како зборуваат и како се дружат политичарите.

Во моментот на инцидентот на состанокот имало многу луѓе. Мотивот за убиството допрва ќе се утврдува.

Share
Scroll to Top