Захарова:  Русија на ниту еден начин не прифаќа влез на Украина во НАТО

Захарова: Русија на ниту еден начин не прифаќа влез на Украина во НАТО

пред 5 месеци

Влезот на Украина во северноатлантскиот блок е неприфатлив за Русија во која било форма, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, коментирајќи ги зборовите на поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен за влез на Украина во Алијансата“.

„Постојано го објаснуваме нашиот став во однос на влезот на Украина во НАТО од 2008 година, кога Алијансата првпат му вети членство на Киев. Позицијата на Русија не е променета. Влезот на Украина во НАТО во каква било форма е неприфатлив за Русија“, изјави Захарова.

Таа посочи дека политиката на НАТО кон Москва е агресивна, истакнувајќи дека пристапот на Киев во Алијансата претставува закана за безбедноста на Русија.

Претходно „Гардијан“ објави дека поранешниот генерален секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен предложил Украина да биде прифатена во Алијансата без изгубени територии, односно само во границите што ги контролира Киев.

„Таквиот однос на земјите од колективниот Запад кон Украина е некрофилија. Или поранешниот генерален секретар на НАТО предложи тоа да се прифати во делови, или Полска бара ексхумации како услов за влез во евроатлантските институции. Ако тргнеме од фактот дека на Западот нема место за мир и преговарачки процес, ако не ги земат предвид овие сценарија за Украина, бидејќи се фокусираа исклучиво на агресија и војна, тоа е логичен заклучок на таквата филозофија“, вели Захарова.

Текстот Захарова: Русија на ниту еден начин не прифаќа влез на Украина во НАТО е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top