Зеленски незадоволен од санкциите против Русија

пред 2 години

Украинскиот претседател Владимир Зеленски ја повика Европската унија да воведе ембарго на руската нафта.

– Пред се ни треба ембарго на нафта. И јасна подготвеност на Европа да се откаже од сета руска енергија. Европската унија мора да престане да ја спонзорира руската воена машина – рече Зеленски, пренесува Гардијан.

Претседателот на Украина додаде дека разговарал за западните санкции против Русија со група меѓународни и украински експерти кои „ги процениле воведените санкции и како Русија се обидува да ги заобиколи“.

Тој изјави дека групата подготвила конкретни предлози за тоа како да се елиминираат слабостите во санкциите и како веднаш да се зајакнат санкциите за Русија да ги почувствува нивните ефекти.

Share
Scroll to Top