Индонезија: Земјотрес со јачина од 7,1 степени го погоди островот Талауд

пред 4 години

Земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала го погоди индонезискиот остров Талауд.Државната агенција за метеорологија, климатологија и геофизика (БМКГ) соопшти дека земјотресот се случил на 134 километри северо-источно од округот Мелонгуана на островот Талауд. Регистриран е на длабочина од 154 километри.

Засега нема извештаи за можни повредени или материјална штета и не е издадено предупредување за цунами.Земјотресите се вообичаени во Индонезија. Земјотрес со јачина од 7,5 степени и цунами во 2018 година, ги погоди заливот Палу и островот Сулавеси, при што загинаа 4.340 луѓе.

Share
Scroll to Top