Иран остро кон Америка: Не сте повикани да коментирате за нашите избори

пред 3 години

Техеран ги обвини САД за мешање во внатрешните работи на земјата, откако Вашингтон изјави дека претседателските избори во Иран во петокот не биле слободни и фер.

Портпаролот на Стејт департментот на САД вчера го нарече „главно конструиран“ процесот во кој е избран новиот ирански претседател Ебрахим Раиси, повторувајќи го американскиот став дека изборите не биле ниту слободни ниту фер.

„ Сметаме дека оваа изјава е мешање во нашите внатрешни работи, спротивно на меѓународното право, и ја отфрламе. Американската влада не е повикана да ги каже своите ставови за изборниот процес во Иран или во која било друга земја “, рече владиниот портпарол Али Рабиеи, цитиран од „Ројтерс“.

На претседателските избори во Иран во петокот победи Ебрахим Раиси, добивајќи ја довербата од 17,8 милиони гласачи, од 28,6 милиони Иранци кои излегоа на гласање, објави изборната комисија.

Share
Scroll to Top